Иако со голем успех го водеше Јувентус и го однесе во две финалиња во Лигата на шампионите, доби отказ, но неговите наследници беа полоши.
Ситуацијата во Јувентус кулминира оваа сезона, по долго време тие нема да бидат шампиони ниту во Италија, па веројатно Пирло нема да го води тимот и идната сезона иако јавно раководството му дава поддршка.
„Тутоспорт“ медиумот близок до Јувентус, тврди дека претседателот на клубот Ањели во саботата имал средба со Масимо Алегри.
Не се знае што се зборувало на средбата, но се претпоставува дека е за можно враќање на Алегри на кормилото на Јувентус.
Весникот додава и дека мечот меѓу Јувентус и Наполи може да биде клучен за иднината на Пирло. Со пораз Старата Дама ќе падне на петтата позиција.