Јунајтед ќе има мирен финиш на сезоната во Премиерлигата, Тотнем пропушти шанса да влезе во топ 4 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Брајтон имаше одличен почеток на дуелот со Јунајтед, поведе со гол на Дани Велбек во 13. минута од мечот, но фаворитот со погодоци на Рашфорд и Гринвуд направи комплетен пресврт и победи со 2-1.

Тимот на Солшер ги искористи поразите на Лестер и Челси, и ремито на Тотнем за да се забетонира на второто место.

Тотнем не го искористи киксот на Челси за да се пробие на четвртото место, одигра само 2-2 на Сент Џејмс Парк.

Кејн ги постигна двата гола за Спарс, а клучниот момент се случи во финишот. Во 84. минута по еден контра напад Кејн ја погоди стативата од голот на Њукасл, а во следниот напад домаќинот со гол на Вилок изедначи на 2-2.

На осум кола до крајот борбата за местата во Лигата на шампионите е исклучително интересна, за третата и четвртата позиција се борат шест екипи, Лестер, Челси, Тотем, Ливерпул Вест Хем и Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×