80
Поради напорот со македонската репрезентација, се очекуваше Алиоски да добие поштеда од тренерот на Лидс, но Биелса реши да го игра нашиот фудбалер од самиот почеток, па до крај.
Лидс поведе во 12. минута со гол на Харисон, но во судиското продолжение Осброн изедначи на 1-1.
Сепа рано во вториот дел Јагиелка си постигна автогол за водство на Лидс од 2-1, што беше и конечен резултат.
До крајот на мечот Лидс имаше уште неколку шанси и за поубедлива победа, но важно е дека ги освоија трите бода.