108
Сезоната влезе во период во кој секој кикс може скапо да чини, а денеска Милан загуби два бода против Сампдорија.
Резултатот беше отворен во 57. минута кога Кваљарела постигна гол за 0-1, а две минути иподоцна Силва заработи втор жолт картон и Сампдорија остана со играч помалку.
Милан се мачеше да израмни и да се врати во игра, тоа конечно се случи во 87. минута кога Хауге постигна гол за 1-1.
Росонерите имаа шанса и за комплетен пресврт, но Кеси ја погодии само стативата.