Почна еуфоријата по сликички, во Скопје пристигна албумот на „Панини“ за Европското првенство

by
1 минути читање

Албумот на „Панини“ за ова Европско првенство со посебно внимание е дочекан кај нас, за првпат во него ќе биде и македонската фудбалска репрезентација која избори историски пласман на континенталното натпреварување.

Панини-Македонија објави дека од денеска албумот може да се најде во продавницата за странски списанија „Свет“, од утре ќе го има во поголем број на продажни места во Скопје, а од текот на идната недела ќе биде дистрибуиран низ целата држава.

Првиот албум на „Панини“ е отпечатен во 1970 година, постпено станува култен во светот, милиони колекционери ги собираат сликичките, а се очекува оваа година да биде вистински хит кај нас како никогаш досега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани