399
Мино Рајола и таткото на Халанд утринава слетаа во Барселона каде беа пречекани од човек на Жоан Лапорта.
Мино Рајола има добар однос со Жоан Лапорта, а со неговото пристигнување во Барселона наговести дека може да се случи трансфер бомба на Камп Ноу.
Агентот и таткото на Халанд во Барселона се сретнале со претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Матеу Алемани. Информациите велат дека состанокот бил позитивен, но се уште ништо не е договорено.
Мино Рајола ќе разговара и со другите заинтересирани клубови. Денешниот состанок е знак само дека Барселона е многу сериозен кандидат за потписот на Халанд.