Ристовски вели дека како одминува времето така сфаќаат колку голема е победата над Германиија, не е победен само фаворит, туку светски фудбалски великан.
„Како поминува времето така сфаќаш полека каков успех си направил. Ова не е само да победиш фаворит, туку ние успеавме да победиме голем великан на светскиот фудбал. Германија е четирикратен светски шампион, од Германија е клуб како Баерн Минхен, клубови кои константно се во врвот на фудбалот, така да ова значи еден голем успех на Македонија. Ова треба да ни даде поттик за понатаму, да ни даде уште сила за да ги извлечеме тие позитивни работи и не смее тука да застанеме“, вели Ристовски.
„За вакви мечеви се живее, вакви мечеви ретко добиваш шанса да ги играш и драго ми е што ова го покажавме на најдобар начин и цело време потенцирам дека овој талент што го поседуваме моментално и овој квалитет треба само да го покажеме на терен и ние тоа го сторивме. Победивме против еден ваков гигант и како што реков се надевам дека ова ќе нѐ држи уште долго време“.