Голем удар за Баерн Минхен, Левандовски ќе ги пропушти двата меча против ПСЖ

by
1 минути читање

Полска не го штедеше Роберт Левандовски, па тој играше и против Сан Марино, а токму на овој дуел заработи и повреда.

Баерн Минхен потврди дека Левандовски има повреда на лигаментите на десното колено поради што околу четири недели ќе биде надвор од теренот.

Тоа значи дека покрај неколкуте меча во Бундеслигата, Левандовски нема да ги игра и дуелите со ПСЖ.

Ова е голем удар за Баерн Минхен ако се знае дека полскиот напаѓач не само во баварскиот клуб, туку во моментов е и најдобар играч во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×