Утре со почеток од 20:45 часот Македонија гостува кај Германија. Противникот е огромен фаворит, но сме покажале и претходно дека можеме да ги изненадиме и најдобрите.
„Добро знаеме со кој играме, чест е да се игра со ваков противник. Знаеме каков квалитет има Германија и не треба поголем мотив за да се игра против нив. Во минатото покажавме дека можеме да се носиме со големи селекции, а мислам дека и Германија знае дека не сме селекцијата од пред пет-шест годинии, знаат со каков квалитет располагаме ние, очеккувам претпазливо да влезат во мечот“, вели Пандев.
„Тие се фаворити, но ова е фудбал, зошто да не се случи чудо. Ќе ни треба и среќа, но ние утре нема што да загубиме, а убеден сум дека сите ќе дадеме повеќе од сто отсто“.