Првата ѕвезда на
италијанскиот првак Јувентус, Кристијано Роналдо наводно пред мај ќе одлучи што
понатаму за неговата иднина, односно пред самиот крај на актуелната сезона, за
максимално да и помогне на „Старата дама“ во обидот да се одбрани титулата во
Серија А.
Во Италија
наведуваат дека веднаш штом ја донесе финалната одлука, Роналдо ќе ги извести
претседателот на клубот, Андреа Ањели, како и спортскиот директор Фабио
Паратичи, а Португалецот инаку има активен договор со Јувентус до идната
година.
„Тутоспорт“
пишува дека тоа би требало да се случи пред мај, бидејќи самиот клуб посакува
да почне да ги подготвува стратегиите за претстојниот преоден рок за трансфери,
а секако ќе мора да добие и одговор од напаѓачот што понатаму.
Истиот медиум
додава дека поголема е веројатноста 36 годишниот напаѓач и идната сезона да
остане на „Алијанц“ арената.