Реакциите за погодокот на Роналдо во 93. минута во Белград кој не беше признат, никако да престанат.
Па судијата Макели немаше друг избор освен и јавно да се извини за направената грешка..
„Според правилата на ФИФА, сѐ што можам да кажам е дека му се извинувам на селекторот Фернандо Сантош и на целата португалска репрезентација, им се извинувам од срце. Ние секогаш даваме сѐ од себе за да донесеме правилни одлуки, но кога на ваков начин ќе станеме главна вест во светот, тогаш не сме среќни поради тоа“, вели Макели.
Португалија упати и жалба до УЕФА, побараа да се воведе ВАР и изразија чудење зошто тоа не е реализирано досега.
УЕФА им одговори дека било планирано да има ВАР во квалификациите, но поради пандемијата на ковид-19 тоа било одложено.