Манџукиќ има десет натпревари да го убеди Милан

by
0 минути читање

Манџукиќ со Милан потпиша до крајот на сезоната со опција договорот да биде продолжен на уште една дополнителна година.

Манџукиќ не беше активен 12 месеци пред да потпише со Милан, се мачеше и со мускулни повреди.

Хрватот одигра само четири меча за Милан во Серија А, и засега не го убеди раководството на росонерите да ја искористат опцијата да му го продолжат престојот на Сан Сиро.

Манџукиќ се уште не постигнал гол, а до крајот има уште десет натпревари во кои треба да го убеди Милан дека заслужува договор и за следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×