Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток од 20:45 часот го игра дуелот против Лихтенштајн од квалификациите за Светското првенство.
Лихтенштајн во дуелот со Ерменија покажа дека не се за потценување, тој меч го загубија со 1-0 откако во финишот си постигнаа автогол.
Македонија има добра историја во натпреварите со овој противник, против нив ја имаме и рекордната победа од 11-1 остварена во 1996 година.
Досега со нив сме одиграле девет натпревари, сме оствариле осум победи, еден дуел завршил нерешено, гол разликата е 33-5.
Оваа генерација има четири меча против Лихтенштајн, во 2017 во Скопје ги победивме 4-0, на гостински терен со 3-0. Во 2018 дома славевме со 4-1, а таму ги совладавме со 2-0.
Се освен победа на Макекдонија вечерашниот меч би било големо изннадување.