Чалханоглу има совет за Хауге

by
1 минути читање

Норвешкиот фудбалер не бил стартер за Милан уште од средината на јануари, се појавија гласини дека тој следната сезона може да ја помине некаде на позајмица со цел да поминува подолго на теренот.

Во пресрет на мечот меѓу Норвешка и Турција, Чалханоглу му даде совет на Хауге.

„Тоа е прашање за неговиот агент. Но ако ме прашувате мене, јас ќе му кажам на него да остане и да се бори да влезе во тимот“, вели Чалханоглу за норвешките медиуми.

„Тој е многу квалитетен. Ако работи напорно и го дава најдоброто, може да биде стартер“.

„Најпрво, сакам да кажам дека ми се допаѓа Јенс како човек, тој е добро момче. Млад е. Голем чекор за него беше да се пресели во Милан од Бодо/Глимт. Потребно е време да влезе во стартниот тим“.

„Но кога и да му биде дадена шанса, тој секогаш игра добро. Работи многу и верувам во него. Тој е голем талент и среќен сум што играм со него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×