71
Фудбалската ѕвезда е разочаран од количината на расизам на социјалните мрежи и вели дека од утре ги гаси сите свои профили.
„Од утре изутрина ќе се исклучам од социјалните мрежи се додека луѓето кои имаат моќ не ги регулираат нивните платформи на ист начин на кој ги зашитуваат авторските права. Големата количина на расизам, малтретирање и ментална тортура врз поединци е премногу токсично за да се игнорира. Треба да има одредена одговорност. Премно е лесно да креирате профил и да го користите за навредување без да имате последици поради тоа и да бидете анонимни. Додека ова не се промени, јас нема да бидам на социјалните мрежи, на сите нив. Се надевам дека ова ќе се среди наскоро“, напиша Анри.