Баерн Минхен имал
можност да дојде до потписот на Златан Ибрахимовиќ во периодот кога шведскиот
ветеран беше дел од Молде на почетокот од својата сениорска кариера, меѓутоа
напаѓачот имал превисоки барања, открива Ули Хенес, почесниот претседател на
Баерн Минхен.
„Тој е одличен
фудбалер, меѓутоа неговите барања беа превисоки, еднаш бевме заинтересирани, но
не успеавме ниту да влеземе во главниот курс во преговорите“ открива Хенес.
Се верува дека
истовремено и тогашниот клуб на Ибрахимовиќ, шведски Малме не се штедел во
барањата за високо обештетување за напаѓачот кој потоа заврши во Ајакс по
трансферот вреден 5 милиони фунти.
Говорејќи на оваа
тема во 2017 година, Бјорн Андерсон, тренер во младинскиот погон на Баерн
Минхен во периодот 1995-2001, тогаш откри дека „Баварците“ имале можност да
дојдат до потписот на Ибрахимовиќ, но политиката на клубот била пресудна да не
се отстапува.
„Имавме контакти
со тогашниот спортски директор на Малме, Хас Борг“ изјави Андерсон.
„Меѓутоа Баерн
Минхен се повлече бидејќи за нив беше премногу пари за млад фудбалер, а кога ќе
сумираме Баерн Минхен донесе правилна одлука, вистинска од повеќе аспекти,
освои повеќе титули од Ајакс и Јувентус, тоа се брои на крајот, тие не сторија
ништо погрешно, меѓутоа истовремено не погреши ниту Ибрахимовиќ со преселбата
во Холандија, прашање е дали ќе се адаптираше во Германија“ додаде Андерсон.