132
Чаби Алонсо е тренер на Б тимот на Реал Сосиедад, а таму ќе остане и во следната сезона.
Реал Сосиедад потврди дека го продолжува договорот со Алонсо до 2022 година.
„Среќен сум со тоа како се одвиваат работите и кога ги почнавме разговорите со клубот брзо се разбравме. Сакаме да продолжиме да растеме и да го помогнеме проектот за подобро подготвени фудбалери за првиот тим“, вели Алонсо.
Се шпекулираше дека тој ќе биде новиот тренер на Борусија Менхенгладбах, сепак нема ништо од тоа.
#Zubieta | #AurreraReala pic.twitter.com/v3UBfvvm5q
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) March 26, 2021