157
Манчестер јунајтед сака да потпише со Маркос Љоренте, англискиот клуб веќе го контактирал Атлетико Мадрид и му соопштил дека ќе испрати понуда од 80 милиони евра.
Атлетико Мадрид немаше план да го продава Љоренте, но понудата на Манчестер јунајтед во тек на пандемија е таква да вреди да се разгледа.

Маркос Љоренте исто така не размислувал за заминување од шпанската метропола, тој има нова куќа во Мадрид и не сака да си замине. Но доколку на клубот му се потребни тие пари, тој ќе го направи тоа.
26-годишниот Љоренте игра во импресивна форма оваа сезона, тој е еден од најдобрите фудбалери, па расте интересот за неговите услуги.