627
Германската репрезентација која на 31. игра против Македонија, има позитивен фудбалер на последното тестирање.
„ПЦР тестирањето на фудбалерите и стручниот штаб покажаа еден позитивен тест пред дуелот со Исланд. Во соработка со здравствениот одел во Дизледорф, фудбалерот кој е позитивен но нема симптоми, веднаш е изолиран“, се вели во соопштението од Германската фудбалска федерација.
Се појавија гласини дека вечерашниот меч меѓу Германија и Исланд можно е и да се одложи. Но брзо стигна известување од портпаролот на федерацијата дека натпреварот дефинитивно ќе се игра.