Одегард го напушти теренот поради повреда и ги исплаши фановите на Арсенал

by
1 минути читање

Синоќа Норвешка со 3-0 го победи Гибралтар, а во финишот од првиот дел Одегард го превитка зглобот. Му се укажуваше лекарска помош на теренот, беше заменет на полувремето.

Селекторот на Норвешка, Стеле Солбакен е оптимист дека не станува за сериозна повреда и тој ќе биде подготвен веќе за следниот меч.

„Имам голема надеж дека Мартин ќе биде фит за мечот против Турција во сабота. Не е сериозна повредата“, вели Солбакен.

Одегард се промовираше во еден од клучните играчи на Арсенал во изминатиот период и составот на Артета би претрпел голем удар доколку тој биде отсутен на подолго време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани