Македонија
утревечер ги стартува квалификациите за пласман на Светското првенство 2022, а
прв противник ни е Романија, селекција на која и гостуваме, и тоа на
фудбалската арена каде на 13 јуни против Австрија го играме првиот историски
меч на едно Европско првенство, но на истиот терен ќе ги одмериме силите и против Украина.
На Романските медиуми особено им беше интересен воведниот дел од тренингот на нашата репрезентација, каде фудбалерите вообичаено имаат пракса да се забавуваат со популарната игра.
Momente INCREDIBILE pe National Arena! Jucatorii Macedoniei au inceput sa se PLESNEASCA intre ei! Ce a urmat pe www.sport.ro
Токму на „Националната
арена“ во романската престолнина денеска тренираа избраниците на Игор
Ангеловски, а од тоа што можеме да го забележиме, на тренингот се најде и Аријан Адеми,
кој беше неизвесен поради повреда, меѓутоа и натаму е со ист статус.
Фото-вест+видео: sport.ro
Фото-галерија:
Фудбалска Репрезентација на
Македонија (Facebook)