Солшер постојано е во контакт со Халанд, го убедува дека неговата иднина е во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер се чини дека не
отстапува од намерата да издејствува да го доведе својот сонародник и напаѓач
на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд на „Олд Трафорд“.

Халанд е мета на
повеќе европски гиганти, а Манчестер јунајтед е еден од нив, а се шпекулира
дека големи се очекувањата да си замине од Бундеслигата претстојното лето,
особено откако „виси на конец“ пласманот за Борусија Дортмунд во Лигата на
шампионите за идната сезона.

„АС“ пишува дека
Солшер постојано му се јавува на Халанд, односно е во постојан контакт со
младиот напаѓач на кој детално му го претставува проектот на Манчестер јунајтед
за него, а воедно го убедува и дека неговата иднина е на „Олд Трафорд“.

Солшер и Халанд
имаат познанство уште од поодамна, кога тренерот на Манчестер јунајтед беше на
кормилото на Молде во Норвешка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани