398
Филипе Кутињо се повреди на последниот натпревар во 2020 година, беше опериран на стартот од 2021 година и требаше да се врати на терените за три месеци.
Сепак, неговиот кам-бек ќе се одложи, медиумите од Шпанија пренесуваат дека Бразилецот бил опериран по втор пат. Во моментов нема точен датум, но според АС, Филипе Кутињо би можел да се врати во финишот од сезоната и да одигра 2-3 натпревари.
Во целата несреќа има една добра работа, Барса ќе заштеди 20 милиони евра. „Каталонците“ на Ливерпул треба да му исплатат 20 милиони доколку Бразилецот одигра 100 натпревари, за исполнување на овој бонус потребни се уште 10 натпревари.