АС: Доколку Роналдо побара да замине, Јувентус ќе го продаде за 25 милиони евра

by
1 минути читање

По елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампиони, се појавија многу гласини за заминување на Кристијано Роналдо.

Сепак, спортскиот директор Фабио Паратичи изминатиов викенд рече дека Португалецот останува во Торино.

„Кристијано е најдобриот играч во светот, па сметаме на него и следната сезона“ – рече Паратичи по поразот од Беневенто.

Но АС вели дека работите можат да се променат доколку Кристијано Роналдо изрази желба да ја промени средината. Весникот пишува дека Јувентус ќе го продаде играчот доколку ЦР7 побара да замине.

„Старата дама“ е подготвенa да прифати понуда од 25 милиони евра, сума со која нема да биде искажана загуба во билансот.

Што се однесува до следниот клуб, АС додава дека Кристијано Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани