72
Вирџил ван Дајк се опоравува од тешка повреда на коленото, и неодамна Јирген Клоп изјави дека има големи шанси дефанзивецот да го пропушти Европското првенство кое ќе се игра летоска.
Сепак, Холандија не сака да остане без столбот во одбраната и селекторот Франк де Бур му ветил на Вирџил ван Дајк дека ќе биде дел од составот доколку до крајот на мај покаже дека е подготвен за настап.
Ова не им се допаднало на Јирген Клоп и Ливерпул, кои преферираат фудбалерот да не брза со враќањето на терените, спокојно да работи и да биде целосно подготвен за стартот на следната сезона.