728
Планот на Герет Бејл бил една сезона да игра во Тотнем и да се врати во Реал Мадрид каде што ќе го испочитува договорот до крај. Тој план се уште не го променил.
„Основната причина поради која дојдов во Тотнем оваа сезона е пред се да играм фудбал“, вели Бејл.
„Оригиналниот план беше да играм една сезона за Спарс пред Европското првенство со цел да бидам во натпреварувачка форма. Имам уште една година од договорот со Реал Мадрид и мојот план е да се вратам таму, тоа е тоа што го планирав“