Она што се
најавуваше со месеци, денеска и официјално беше потврдено. РБ Лајпциг го
соопшти трансферот на Мохамед Симакан. 20 годишниот дефанзивец пристигнува од
редовите на Стразбур како замена за Дајот Упамекано, кој се сели во Баерн
Минхен.
Се верува дека
„биковите“ ќе платата помеѓу 15 и 18 милиони евра за услугите на Мохамед
Симакан, односно речиси трипати помалку од она што Баерн Минхен ќе го плати за
Дајот Упамекано.
Мохамед Симакан
ќе биде трето засилување за РБ Лајпциг за новата сезона откако претходно беа
договорени Јошко Гвардиол од Динамо Загреб и Брајан Броби од Ајакс.
+++ Verstärkung für die Defensive +++
Mohamed #Simakan wechselt zur neuen Saison von Racing Straßburg zu #RBLeipzig. Der 20-jährige Innenverteidiger erhält einen Vertrag bis 2026.
Bienvenue, Mohamed!
Alle Infos zum Transfer
https://t.co/pFjZVxtArY pic.twitter.com/XrSHqcmdxc— Die Roten Bullen (@DieRotenBullen) March 22, 2021