Гол-машината
Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд продолжи онаму каде што застана во дресот на
Салцбург, па така на 36 натпревари досега за Бундеслигашот успеа да запише 34
погодоци.
20 годишниот
Норвежанец вели дека секојдневно работи на тоа како да се подобри, а признава
дека му е потребно многу за да го достигне тоа што успеаа да го реализираат во
своите кариери Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
„Во моментов
мислам само на себе, како да се подобрам од натпревар во натпревар, работам на
тоа секојдневно“ вели Халанд.
„Не треба многу
да зборувам за Меси или Роналдо, веројатно најдобрите фудбалери во историјата“
додава тој.
„Мене се уште ми
е потребно многу за да ги достигнам нив“ заклучи Норвежанецот.
Со оглед на
фактот што за иднината на Халанд постојано пишуваат, а воедно и шпекулираат
повеќето медиуми, тој говорејќи на оваа тема посочи дека има уште три години од
договорот со Борусија Дортмунд, а воопшто не е загрижен за тоа.