149
Иван Тричковски поради повреда нема да биде на располагање за мартовските натпревари на македонската репрезентација, отпаднаа и Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов поради позитивни тестови на ковид-19.
Селекторот Ангеловски дополнтелно ги повика Агим Ибраими и Стефан Ашковски.
Македонија квалификациите ги почнува во Букурешт против селекцијата на Роанија на 25. март, три дена подоцна го пречекуваме Лихтенштајн во Скопје, па на 31. март гостуваме кај Германија во Дуизбург.