Бекот на
Манчестер јунајтед, Лук Шо признава дека Премиерлигашот бил ужасен во својата
игра во двете пресметки против Милан во осминафиналето од Лига Европа, иако
составот на Оле Гунар Солшер прогресираше во четвртфиналето.
Првиот меч на „Олд
Трафорд“ заврши со реми и резултат 1-1, меѓутоа на вториот Премиерлигашот
славеше минимална победа благодарение на голот на Пол Погба кој беше вистински
џокер од клупата на Солшер.
„Среќни сме што
поминавме, меѓутоа, да бидам искрен, сметам дека и стручниот штаб ќе се сложи,
не бевме на висина на задачата“ изјави Шо по реваншот во Милано.
„Особено не бевме
добри во првото полувреме, всушност бевме ужасни, јас мислам дека имавме многу
среќа, иако во второто полувреме бевме далеку подобри, а секогаш помага тоа што
имаме фудбалер од светска класа во Пол Погба, само што влезе во игра веднаш
направи разлика на теренот“ додаде бекот.