Лорис: Ова е срамота…

by
1 минути читање

Динамо Загреб
приреди вистинска сензација елиминирајќи го Тотнем во осминафиналето од Лига
Европа, иако фаворитот имаше капитална предност од 2-0 од првиот меч, сепак,
Оршиќ со хет-трик го откажа тимот на Жозе Мурињо.

Особено разочаран
по мечот беше голманот на Тотнем, Хуго Лорис, кој наведе дека тоа што му се
случи на тимот е вистински срам.

Премногу сме
разочарани, едноставно, ова е срамота, се надевам дека сите во соблекувалната
се чувствуваат одговорни за тоа што се случи, ова е срамота…
“ изјави Лорис.

Што повеќе би
можел да кажам за сево ова, сите сме одговорни, а чувството по тоа што се случи
е болно
“ додаде голманот на Премиерлигашот.

Тотнем во недела
ќе може да се рехабилитира од овој пораз, односно на гостувањето кај Астон Вила
во рамките на 29 коло од Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани