Динамо Загреб синоќа дојде до победа која оддекна силно во фудбалска Европа, падна Тотнем на Мурињо, а тие се пласираа меѓу осумте најдобри во Лига Европа.
Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски го продолжуваат настапот во Европа. Капитенот на Динамо Загреб е презадоволен од изданието на неговиот тим.
„Одигравме добро и заслужено славевме. Навистина верувавме, таму бевме во некој грч, а тука видовме дека можеме да направиме големи работи. Тоа што нон-стоп го спомнуваме, овој тим е подготвен за големи работи, а што е тоа ќе видиме во продолжението од сезоната“, вели Адеми.
„Маестрален беше Оршиќ, човекот кога пука ги погодува аглите. Да се разбереме, секоја чест за сите. Не фаќаа грчеви, дадовме се од себе и мислам дека направивме голема работа, но нема тука да застанеме, можеме уште повеќе. Мислам дека можеме да одиме далеку“.