64
Здравко Мамиќ кој во моментов е во Босна и Херцеговина каде што избега откако беше осуден, вечерва ги покажа сите емоции за Динамо Загреб.
„Вечерва плачам од среќа, а со мене плачат сите оние кои го сакаат спортот во Хрватска, Европа и светот! Вечерва една херојска екипа, еден херојски стручен штаб, една херојска организација му покажа на светот од штоо се направени. Бог сè знае, Бог сè гледа, а вечерва Бог го награди секој човек кој го сака Динамо, секој вработен, секој играч и секоја личност која дала и најмал дел од себе за овој успех и покрај тоа што сите нас нè напаѓаа, саботираа и сакаа да нè уништат. Вечерва Динамо слави, славете сите!“, напиша Здравко Мамиќ на својот фејсбук профил.