80
Жозе Мурињо и Тотнем се елиминирани од Лига Европа и покрај победата во Лондон од 2-0, Адеми и Ристовски ќе играат во четвртфиналето.
Тотнем одигра лош натпревар, а Динамо Загреб го имаше Оршиќ кој ги постигна сите три погодоци.
Мечот беше отворен во 62. минута кога Оршиќ постигна прекрасен гол, а во 83. минута тој погоди за 2-0 и го израмни вкупниот резултат.
Со 2-0 завршија 90. минути па се отиде во продолженија, а во нив уште еднаш погоди Оршиќ и ги постави конечните 3-0.
Ова е сензационален резултат ако се земе во предвид и победата на Тотнем од 2-0 и неговиот состав на фудбалери. Можеби најголемиот пораз во кариерата за Жозе Мурињо.