Играј, играј за Вардар! Секој тикет на кој се наоѓа натпреварот на Вардар го зголемува фондот на Моцарт за донација на овој фудбалски клуб!

by
5 минути читање

На трибините одамна не одекнува „ајде ајде Вардаре“, но
постои начин да се даде голема поддршка – со секој уплатен тикет на кој се
наоѓа натпреварот на славниот скопски клуб во наредниот период, компанија
Mozzart го зголемува фондот за донација на „црвено –
црните“, кои се борат со тешка финансиска ситуација! Регионалниот лидер во игри
на среќа се придружи на навивачката група Комити во акцијата за спас на Вардар,
а не е важно како ќе типувате, важно е само да го имате одиграно овој натпревар
на вашиот тикет. Играј, играј за Вардар!


Прва прилика да се помогне на Фудбалскиот Клуб Вардар е
веќе во сабота, на 20 март од 15:00 часот, кога „црвено-црните“ на свој терен
jа дочекуваат
Шкендија. Дуелот од 24. коло на ПМФЛ со лидерот во шампионатот ќе биде голем
предизвик за актуелниот шампион, кој во моментов е на осмата позиција на
табелата и се наоѓа во лоша форма.


Оваа акција е добра шанса играчите да почувствуваат
поддршка од своите навивачи во овие тешки моменти, а што повеќе тикети има со
овој натпревар, износот на донацијата на
Mozzart ќе биде поголем.

 

„Благодарност до нашите навивачи кои ја иницираа акцијата
за спас на Вардар, како и на компанијата
Mozzart која им се приклучи. Тоа ни дава надеж дека
можеме да го спасиме клубот и да продолжиме да го правиме тоа што најдобро го
знаеме – да играме за овој клуб со поддршка од нашите фанови и навивачи. Голема
благодарност до компанија
Mozzart која секогаш посветува големо внимание на
општествено одговорните акции. Се надеваме дека што повеќе играчи ќе одговорат
на оваа акција, ќе пополнат тикет и ќе го стават натпреварот кој го играме, и
со тоа ќе придонесат кон фондот на
Mozzart кој ќе ни го донираат.“ – изјави капитенот на
ФК Вардар, Дејан Блажевски
.


Вардар 12 пати ја освојуваше титулата првак и шест пати
националниот куп, и е единствен македонски клуб кој изборил пласман во групната
фаза во едно од двете најеминентни европски натпреварувања – Лига Европа, а
сега се бори не само за опстанок во лигата, туку и за опстанок на целиот клуб.
Оваа акција е одлична можност за навивачите да го поддржат клубот во период
кога заради епидемиолошката ситуација не можат тоа да го направат на Градскиот
стадион.

„Компанија Mozzart е препознатлива во јавноста како некој
кој нуди континуирана поддршка на спортските колективи и поединци низ разни
проекти. Со акцијата „Хуманитарен тикет за викенд“ помагаме на различни
установи и организации, а сега секој тикет на кој е натпреварот на Вардар, ќе
биде хуманитарен тикет, за помош на славниот клуб кој поминува низ тежок
период. Се надеваме дека оваа акција ќе има голем одзив и дека Вардар ќе добие
значајна помош од нашиот фонд за солидарност.“ – истакнаа од менаџментот на компанија
Mozzart.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани