70
Македонија на 25. март во Букурешт игра против Романија меч од квалификациите за Светското првенство.
Домашната селекција ќе биде без својот селектор, Мирел Радои кој е позитивен на ковид-19, репрезентацијата ќе ја води неговиот помошник Николае Дича.
„Мирел е добар, без никакви симптоми. Во изолација и јасно дека ние од стручниот штаб ќе ја водиме селекцијата во наредниот период. Тој би можел да биде на клупата за дуелот со Македонија само ако има два негативни теста до 24 март“, вели Дича.