Коман морал да паркира на улица а ќе плати и „солена“ казна зошто на тренинг пристигнал со Мерцедес

by
1 минути читање

Ауди, кој поседува нешто над 8% од акциите на Баерн, во 2019 ја продолжи соработката со гигантот од Минхен за уште 10 години, тогаш се пишуваше дека спонзорскиот договор тежи фантастични 500 милиони евра, или 50 милиони евра годишно.

Па не случајно „баварците“ на своите ѕвезди им наметнаа стрoги правила и секој фудбалер на тренинг мора да дојде со службен автомобил од спонзорот Ауди.

Поради оваа политика, Кинсли Коман сега го чека „солена“ казна, Французинот во неделата на тренинг пристигнал со приватен автомобил Мерцедес АМГ.

Фудбалерот не само што добил забрана да влезе во тренинг комплексот и морал да паркира на улица, ќе плати и казна од 50.000 евра

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани