Милевски го соопшти списокот на фудбалери за турнирот во Анталија, но и објасни што се случи со Новевски

by
2 минути читање

Македонската
фудбалска репрезентација за фудбалери до 21 година на 21 март патува за
Анталија во Турција каде е предвидено да одигра три контролни натпревари, и тоа
против Казахстан на 24 март, Словачка на 27 март, односно Бугарија на 29 март.

Благоја Милевски,
селекторот на младите надежи го соопшти списокот на фудбалери за тој турнир, а
посочи дека овие натпревари ќе бидат последен филтер за тоа како ќе изгледа
тимот во квалификациите за Европското првенство.

Овие
натпревари се последен филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за
Европското првенство. Сите повикани фудбалери ќе добијат подеднаква минутажа
на трите меча. Нашата цел е да добиеме точна претстава за квалитетот на секој
фудбалер, а на нив останува дали ќе заслужат место во тимот на јунските
квалификации. Она што е битно за мене е играчите да имаат минутажа во своите
клубови и тоа ќе биде пресудно за формирањето на составот на квалификациските
натпревари за ЕП. На оние позиции каде што имаме избор предност секогаш ќе
добиваат фудбалерите кои се стандардни во своите клубови
“ рече Милевски, кој се одзва и на прашањето со
Владан Новевски

Во однос
на Влада Новески, наше е да кажеме дека фудбалерот на Војводина уредно
беше поканет за нашите натпревари во Анталија, но неговиот родител не извести
дека желба на неговиот син е да игра Србија
“ додаде селекторот.

18 годишниот член
на српска Војводина ги помина сите младински категории во нашата репрезентација
почнувајќи од онаа за фудбалери до 16 години, па 17, 18, и заврши со настапите
за категоријата до 19 години, роден во Нови Сад, тој своите почетоци ги мина во
младинскиот погон на Војводина, изјави дека со неговата одлука ќе има подобри
услови за личен развој, но и се заблагодари на Македонија.

Едноставно
сметам дека ќе имам подобри услови за развој како фудбалер со тоа што ќе
продолжам да настапувам за Србија, довербата која ми ја укажаа е голема чест за
мене, награда за мојот труд и работа изминатиов период. Би сакал да се
заблагодарам на Македонија, на тамошната фудбалска федерација, за шансата која
ми ја укажаа
“ изјави Новевски за официјалниот сајт на Фудбалската федерација на
Србија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани