Селекторот на
националната фудбалска репрезентација на Романија, Мирел Радои се зарази со
коронавирус, а заразата со вирусот беше потврдена по двојното тестирање, со тоа
што од таму потврдија дека Радои нема да биде во можност да го предводи
националниот тим за претстојните натпревари.
„Вчера бев
тестиран, а тестот излезе со позитивен резултат, засега немам никакви симптоми,
со сето срце посакав сево ова да беше некаква системска грешка, меѓутоа за жал
не е, следат 14 денови карантин“ изјави Радои.
Од куќата на
фудбалот во Романија ја откажаа предвидената пресконференција на Радои за утре,
а „ДигиСпорт“ известува дека во случај тој да остане позитивен за претстојните
три меча, меѓу кои и првиот против Македонија (25 март), националниот тим на Романија ќе
биде предводен од двоецот Николае Дика – Флорин Константиновичи.
Во
квалификациската група „Ј“ прв фаворит е секако Германија, а освен „Панцирите“
и нашата селекција, останатите се Ерменија, Романија, Исланд, како и
Лихтенштајн.