Ван де Бек го загуби трпението, сака да си оди од Манчестер јунајтед

by
0 минути читање

Манчестер јунајтед плати 40 милиони фунти за Ван де Бек, а тој само двапати стартуваше во Премиерлигиата. Холанѓанецот не успеа да се наметне во тимот на Солшер.

Ван де Бек има одиграно 26 мечеви за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања од кои стартувал на 11, а на останатите 15 влегувал од клупата. 

Toј е зад Скот Мектоминеј, Немања Матиќ, Пол Погба, Фред и Бруно Фернандеш во плановите на Солшер.

Па 23-годишниот сака да си оди и да игра во клуб каде ќе биде повеќе ценет и ќе поминува подолго време на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани