„Каталонците“ го искористија киксот на Атлетико Мадрид и се доближија на -4 до лидерот на табелата, вечерва избраниците на Куман со 4-1 ја совладаа Уеска.
Мечот помина во знакот на Лео меси, за Аргентинецот ова беше натпреварот број 767 и го изедначи рекордот на Чави како играчот со најмногу настапи во дресот на Барса.
Напаѓачот потоа постигна „голазо“ за 1-0 и стана првиот играч кој 13 сезони во низа постигнува 20+ погодока во Ла Лига и топ 5 првенствата во Европа.
Гризман зголеми на 2-0, гостите во финишот на првиот дел се вратија во игра со пенал но Барса брзо ги речи дилемите, Мингеза погоди за 3-1 во 53. минута.
Точка на натпреварот стави Лео Меси во 90. минута, Аргентинецот прецизно пласираше од врвот на шеснаесетникот за 4-1.