Кристијано Роналдо минатата недела беше на мета на критичарите откако Јувентус беше елиминиран од Порто во Лигата на шампионите, а имаше и многу шпекулации за заминување на ЦР7 од Торино.
Португалецот синоќа одговори со хет-трик против Каљари а од таборот на „старата дама“ порачаа дека иднината на играчот е во клубот.
„Роналдо е многу важен за Серија А. Сите зборуваа за италијанското првенство кога Роналдо се пресели во Јувентус“ – вели Фабио Капело.
„Треба да му се заблагодариме на Јувентус, калчото стана популарно ширум светот поради Роналдо“.
„Но тимот е тој што носи триумф во Лигата на шампиони. Масимо Алегри имаше многу поинаков среден ред кога во два наврати стигна до финале. Проблемот на овој Јувентус е средниот ред“.