259
Челси го посакува 18 годишниот фудбалер од средниот ред на Рен, Едуардо Камавинга за кој интерес има и од други клубови, но најсериозен конкурент им е Реал Мадрид.
Кралскиот клуб исто така се интересира за Халанд, а се верува дека цената за норвешкиот напаѓач ќе достигне над 100 милиони евра.
Реал Мадрид е фаворит во трката за Халанд, но доколку вложат пари во него, нема да имаат буџет за други големи засилувања меѓу кои и младиот Камавинга.
Тоа би значело дека трансфер на Халанд во Реал Мадрид му прави услуга на Челси бидејќи нивниот најголем конкурент ќе се откаже од намерата да го ангажира Камавинга, па тие ќе можат полесно да дојдат до неговиот потпис.