Мурињо: Судиите не даваат интервјуа после мечот? Штета!

by
2 минути читање

Тотнем поведе против Арсенал со прекрасен гол на Ламела, потоа Одегард изедначи на 1-1, а во вториот дел судијата свирна пенал кој го реализираше Лаказет за победа од 2-1.

При пеналот, Лаказет ја промаши топката, а потоа беше удрен од Санчез, меѓу критичарите се појавија разни мислења, некои сметаат дека тоа е чист пенал, други дека не е. Но Жозе Мурињо во таков момент сигурно ќе ја фати својата страна.

„Нема интервјуа по мечот за судиите? Тоа е штета“, саркастично изјави Мурињо по мечот.

„Мислам дека игравме многу лошо во првото полувреме. 1-1 не беше реален резултат, ние бевме лоши. Лошо се браневме, немавме интензитет, немавме пресинг, не нападнавме добро“.

„Во второто полувреме можевме да бидеме само подобри, и бевме. А потоа следува прашање, невозможно прашање бидејќи тие не зборуваат, но прашање за Мајкл Оливер да одговори и веројатно Пол Тирни бидејќи тој беше во ВАР“.

„Според Кевин Френд, судијата им рекол дека имал чист преглед и ВАР не сакал да оди против неговата одлука“.

„Од она што го видов на клупата, имав чувство, но бев 40-50 метри далеку. Потоа веднаш го погледнав на ајпедот, мислам дека судиите понекогаш имаат тешка работа“.

„Не се бунев бидејќи тој беше поблиску од мене до местото, но потоа го видов на ајпед и тоа е што е“.

„Доколку некој има поразлично мислење, тоа би требало да бидат фановите на Арсенал со сезонски билет, бидејќи прифатливо е во таа пасија така да речат. Со исклучок на нив, неприфатливо е некој да рече дека е пенал бидејќи беше толку очигледно“.

„Ќе повторам, тоа е пенал по грешка на Мајкл Оливер. Фудбалерите се уморни после толку мечеви, тренерите се уморнии, па можеби и судиите се уморни“.

„Тој има еден меч неделно сигурно, може и Лига на шампиони или Лига Европа, па би можел да биде уморен. Мојата статистика со него кога се работи за пенали е неверојатна, со Челси, Јунајтед, Тотнем, не е важно со кој, немам среќа со тој судија кој е многу добар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×