Мојсоски: АМС не го признава Изборното собрание на ФФМ, Рустеми таму беше како партиско лице

by
1 минути читање

Мојоски синоќа се обрати преку соопштение и кажа дека Агенцијата за млади и спорт не го признава Изборното собрание на ФФМ бидејќи тие одбиваат да го усогласат нивниот статут со законот за спорт во Македонија.

Но, на денешното собрание во Александар Палас се појави заменик директорот на АМС, Авни Рустеми. Сепак Мојсоски во изјава за ТВ 24 негира дека тој таму бил во својство на претставник на АМС бидејќи директорот ја носи крајната одлука.

„Колку што разбрав и јас, бил заменикот директор на Агенцијата за млади и спорт. Е, сега во кое својство… Јас мислам дека е во партиско својство, зашто реално само директорот може да ја претставува агенцијата, зашто неговиот потпис стои таму. Така да директорот и Агенцијата за млади и спорт излезе со соопштение дека тоа е нелигитимно Собрание и не го поддржуваат“, изјави Мојсоски за ТВ 24.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани