111
Пред извесно време Горан Пандев без влакно на јазикот проговори за случувањата во репрезентацијата и ФФМ напаѓајќи го актуелното раководство.
Денеска во изјава за ТВ 24, претседателот на ФФМ, Сејдини одговори на обвинувањата.
„Горан Пандев е фудбалер пред сѐ и јас го почитувам како фудбалер пред сѐ. На Пандев му посакувам многу здравје, успех и додека е на терен да дава голови, како што го давал максимумот за фудбалската репрезентација и да се радуваме, не само јас како претседател на ФФМ или целиот управен одбор, туку целата македонска јавност“, изјави Сејдини за ТВ 24.