57
Шефилд јунајтед е клкубот од детството на Вајлдер, како фудбалер тоа беше неговиот прв клуб. Во 2016 се врати како тренер, веднаш од Лига 1 ги пласираше во Чемпионшип, а во 2019 под негово водство се вратија во Премиерлигата.
Во најдобрата англиска лига Шефилд беше одличен, важеше за тим против кој многу тешко се освојуваат бодови, но оваа сезона среќата им го сврте грбот, имаа очајни резултати кои му пресудија на Вајлдер.
По 28 одиграни натпревари, Шефилд има освоено само 14 бодови и им нема спас. Наследникот на Вајлдер се чини дека ќе треба да направи проект за експресно враќање во Премиерлигата бидејќи опстанок е невозможна мисија.