Реал Мадрид под будно око ја мониторира ситуацијата со Фернандеш

by
1 минути читање

Предводникот на
Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер најави помала активност на клубот на
трансфер пазарот што претстои на лето со оглед на финансиската криза која ги
погоди сите клубови, а настаната од пандемијата, па за момент англиските
медиуми известија дека Фернандеш одбива да потпише нов договор иако му се нуди
двојно поголема плата.

Португалецот има
активен договор со Манчестер јунајтед до 2025 година, но и опција за
дополнителни 12 месеци во истиот, се шпекулира дека бара посебни гаранции во
преговорите за нов договор и двојно зголемување на платата на 200,000 фунти, а
гаранциите се однесуваат на трансфер политиката на клубот, односно барајќи
поголеми амбиции од самиот.

Наводно од Реал
Мадрид сериозно ја мониторираат ситуацијата околу Фернандеш, па така подготвени
се да издејствуваат за евентуален ангажман на 26 годишниот фудбалер, објави „Тодо
Фихајес“.

Истиот медиум
наведува дека шпанскиот гигант е подготвен да отвори преговори со Манчестер
јунајтед почнувајќи од 70 милиони евра, иако од Манчестер јунајтед нема ниту да
размислувале за понуда пониска од 90 милиони евра.

Колку и да звучи
не баш реална оваа шпекулација, истата оди до таму што вели дека дури и во
случај Манчестер јунајтед да не соработува во преговорите, постои опција
Фернандеш да побара трансфер, кој бара поголеми амбиции од Премиерлигашот во
периодот кој претстои.

Секако дека оваа
шпекулација ќе ја гледаме со резерва, од причина што повеќе од извесно е дека
Фернандеш во моментов е среќен во Манчестер јунајтед, клуб за кого на 28
настапи сезонава постигна 16 погодоци, а реализираше уште и 11 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×