Поранешниот
претседател на Јувентус, Џовани Коболи уште од првиот ден кога италијанскиот
првак го ангажираше Кристијано Роналдо тврдеше дека тоа е промашување од
трансфер, денес го дели истото мислење, а неговите зборови сега пристигнуваат
во една турбулентна седмица за Португалецот по елиминацијата од Порто во
осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Дали Кристијано
Роналдо е промашено засилување? Апсолутно! Јас го кажав тоа уште првиот ден
кога го ангажираа, покажав почит за тоа што станува збор за шампион, меѓутоа
тој е премногу скап“ наведува Коболи.
„Дали Јувентус ќе
го продаде или не, тоа е работа на клубот во моментов, но тој вреди милион за
еден гол“ додаде тој во изјавата за „Радио Пунто Нуово“.
Силните критики
на Коболи доаѓаат по изјавата на спортскиот директор на Јувентус, Фабио
Паратичи околу евентуалното продолжување на соработката со Роналдо.
„Во моментов, тој
има уште една година од договорот, имаме време да дискутираме на таа тема со
него, сега би можел слободно да кажам дека во моментов тоа не ни е на агендата“
рече Паратичи.