Мегваер: Требаше да погодам, ете затоа не сум напаѓач… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Хари Мегваер се
искритикува поради огромното промашување на првата пресметка со Милан која
вчера заврши нерешено со резултат 1-1 во осминафиналето од Лига Европа, а
Премиерлигашот прими гол во самата завршница што го отежна патот до четвртфиналето
пред самиот реванш во Милано.

Огромното
промашување на Мегваер осамна како еден од најважните моменти од дуелот на „Олд
трафорд“, навивачите на Премиерлигашот прашуваа како е можно да промаши од таа
ситуација, па капитенот самокритичен по крајот на мечот.

Требаше да
погодам, не треба да барам изговори за таа ситуација, едноставно е, требаше да
постигнам гол
“ изјави Мегваер за „БТ Спорт“ по мечот.

Токму затоа јас
сум дефанзивец, а не напаѓач, но без изговори, требаше да постигнам гол!

додаде капитенот на „Црвените ѓаволи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани